Достапни линкови

Балканот погоден за регрутирање екстремисти


Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и неговата колешка Гордана Јанкулоска на пресконференција во Скопје
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и неговата колешка Гордана Јанкулоска на пресконференција во Скопје

Безбедносната состојба на тромеѓето Македонија - Србија - Косово, е најслаба алка во регионот, оцени Дачиќ.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Скопје се сретна со нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ. Тие разговараа за иницијативата, граѓаните на двете земји да ја преминуваат меѓусебната граница само со пасош и оценија дека тоа е реално и може да се случи во иднина. Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ зборуваше и за безбедносната ситуација во регионот. По средбата министрите одржаа заедничка прес конференција.

Ивица Дачиќ во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:48 0:00


Безбедносната состојба на тромеѓето Македонија-Србија-Косово е најслаба алка во регионот, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ при денешната посета на Скопје. Како причина за ваквото гледиште Дачиќ го посочи примерот со апсењето на еден од осомничените за терористички акти во Косово, за кого имаше распишано американска и српска потерница.

„Најслаба алка затоа што сакаат тие активности да ги пренесат, дали преку граница или преку административна линија, на различни страни и често се случува кога ќе се случи некој инцидет, терористички акт или криминал тој да биде административно пренесен во Јужна Србија.“

Дачиќ додава дека според нивните оперативни податоци постои врска меѓу криминалните групи кои оперираат на териториите на Србија, Косово и Македонија. Тој смета дека е потребна подобра соработка со меѓународните органзиции за подобрување на безбедносната состојба.
Српскиот министер смета дека регионов е погоден за регрутирање на радикални исламистички структури во соработка со Ал Каеда.

„Затоа што по изгледот личат на Европјани и Американци, па со тоа овој регион е многу погоден за дејствување на овој простор на тие радикални струкртури. За прв пат се случува и постои опасност целите на терористичките напади сега да бидат и на нашиот простор.“

Тој додаде дека за сега појавата на радикални исламистички структури не претставува голема безбедносна закана за регионот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG