Достапни линкови

Референдум во Словачка


Словаците денеска на референдум гласаат дали да се намали бројот на пратеници за една третина и да се ограничи нивниот имунитет. На гласањето, тие треба да одлучат и дали сакаат да им се дозволи гласање преку интернет на парламентарните избори и дали треба да плаќаат претплата за државната телевизија.
За референдумот да биде успешен, треба да гласаат најмалку половина од регистрираните 4,4 милиони гласачи.
Сепак, според анкетите референдумот нема да биде успешен. Резултатите покажуваат дека на гласање ќе излезе само една петина од Словаците со право на глас.
XS
SM
MD
LG