Достапни линкови

logo-print

Корумпираното судство го храни шеријатското право


Молитва за Бајрам во централната џамија во главниот град на Таџикистан, Душанбе

Молитва за Бајрам во централната џамија во главниот град на Таџикистан, Душанбе

Стравот од корупција во судовите, биркоратијата и бавните и скапи судења се најважните причини поради кои Таџикистанците, се почесто, бараат помош од верските старешини.

Се повеќе Таџикистанци го прифаќаат шеријатското исламско право, велат тамошните власти.
Според анкетите, 85 осто од жителите на Таџикистан одговориле дека религијата игра важна улога во нивните животи. Со тоа Таџикистан е „најрелигиозната“ држава во Централна Азија.
Сепак, религиозната посветеност е само една од причините за да се заобиколат судовите и одлучувањето во споровите да им се даде на верските старешини.
Стравот од корупција во судовите е една од најчестите причини, одговорот да се побара во шеријатското право. Судиите некогаш
Мислам дека овој проблем се реши многу брзо со помош од мулата, затоа што мојот поранешен сопруг сакаше да спречи оговарања во
џамијата.
бараат пари за да донесат определена одлука, велат Таџикистанците. Друга причина за барање пресуда од верските лидери е биркоратијата и бавните судења, но некогаш верската одлука е едноставно поевтин начин да се задоволи правдата.

Поранешниот сопруг на Биби Зајнура престанал да плаќа алиментација. Таа вели дека станало речиси невозможно да се грижи за децата, па затоа побарала помош од државните органи. Откако тоа не дало резултати, една жена од нејзиното село во близина на Душанбе ја посоветувала да побара помош од верскиот старешина. Свештеникот од локалната џамија потоа разговарал со нејзиниот поранешен сопруг и му посочил дека тој има обврска да се грижи за поранешната жена и за децата.

Централната џамија во Душанбе

„Сите живееме во исто село и мулата може да разговара со мојот поранешен сопруг за причините за неплаќањето. Мислам дека овој проблем се реши многу брзо со помош од мулата, затоа што мојот поранешен сопруг сакаше да спречи оговарања во џамијата.“

И покрај тоа што владата има цврста контрола врз религијата, се чини дека е немоќна да го спречи мнозинското муслиманско население, решенијата на семејните и лични недоразбирања, да ги побара во шеријатското право.
Членот на Советот на Улеми на Партијата за исламска ренесанса Зубајдула Розик вели дека луѓето го прифаќаат шеријатот зашто законите на исламот се блиски до човечката природа. Понекогаш, одењето на суд чини многу пари, додека одењето кај двајца свештеници е бесплатно, вели Розик.

„Кај некои млади луѓе, што се заробени од „мрачните сили“ понекогаш се јавуваат проблеми во однесувањето. Ние им читаме стихови од Коранот и на нив им е подобро.“

Верските водачи велат дека консултирањето на шеријатските закони не е во конфликт со секуларните државни закони и нагласуваат дека исламското право може да се примени во многу аспекти од општеството што се регулирани со државните закони.
Од друга страна, противниците на таа идеја велат дека заголемувањето на улогата на шеријатското право е спротивно на секуларноста, па дури и дека има потенцијал за радикализација.
Сепак, голем дел од граѓаните сметаат дека религијата е многу длабоко влезена во животот на луѓето, што ни владата не може многу да стори.



  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG