Достапни линкови

logo-print

Неизвесна судбината на рускиот активист за правата на хомосексуалците


Судбината на рускиот активист за правата на хомосексуалците Николај Алексеев и натаму е нејасна, три дена по неговото изчезнување откако беше уапсен на аеродромот во Москва. Интерфакс јави дека добила порака од активистот Алексеев дека е во Белорусија каде што побарал политички азил. Но, неговите пријатели и некои новинари тврдат дека е недостапен и оти веројатно е киднапиран од руската тајна служба. Алексеев беше под притисок да ја повлече тужбата пред Европскиот суд за човекови права против градските власти на Москва поради забраната за одржување на годишната геј парада.
XS
SM
MD
LG