Достапни линкови

Полска го ослободи чеченскиот сепаратист Закаев


Полскиот суд одлучи да го ослободи чеченскиот сепаратист Ахмед Закаев, кој беше уапсен во Полска по потерница од Русија која го товари за тероризам. Претставник на полскиот суд изјави дека Закаев е слободен, а судот го зел предвид фактот што тој во 2003-та добил политички азил во Велика Британија. Инаку, Закаев, кој допатува во Полска на еден конгрес на чеченци, е обвинет во Русија за убиства, киднапирање и тероризам во врска со војната меѓу Русија и чеченските бунтовници во 1990-та година.
XS
SM
MD
LG