Достапни линкови

Ахмадинеџат во посета на Сирија


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска е во Сирија на разговори со претседателот Башар Ел Садат. До средбата доаѓа само два дена по разговорите на Асад со американскиот пратеник за можноста за обновување на преговорите со Израел. Ахмадинеџат ја посети Сирија и во февруари, веднаш откако американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон се надева дека Дамаск ќе се дистанцира од Иран.
XS
SM
MD
LG