Достапни линкови

Насилства и нерегуларности на изборите во Авганистан


Во Авганистан денеска се одржуваат парламентарни избори, кои, како што јавуваат агенциите, се проследени со нерегуларности и насилства. Во источниот дел на земјата две лица настрадале од граната, а во утринските часови една ракета паднала во Кабул, додека напади имало и во Џалалабад, Кандахар, како и во уште неколку провинции. Талибанците уште пред изборите се заканија дека со насилства ќе го спречат гласањето. Членови на изборни комисии јавуваат за за нерегуларности на гласачки места. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, откако гласаше во Кабул, изјави дека изборите ќе помогнат за подобра иднина на земјата. Тој изрази надеж дека ќе има голем оздив и оти нема да има голем број инциденти. Околу 2.500 кандидати се натпреваруваат за 249 места во Парламентот на Авганистан.
XS
SM
MD
LG