Достапни линкови

Белоруската опозиција без кандидат за претседател


Белорускиот опозиционен лидер Александар Милинкиевич денеска изјави дека нема да учествува на претседателските избори во декември годинава поради очигледниот изборен резултат. Имено, претседателот Александар Лукашенко кој раководи со земјата од 1994 година најави дека ќе бара четврти мандат. Милинкиевич на прес конференција објави дека белоруската опозиција била поделена и оти не успеала да најде заеднички кандидат. Вчера Лукашенко изјави дека опозицијата е непријател на народот.
XS
SM
MD
LG