Достапни линкови

Десетина повредени во експлозија во Турција


Десет лица, меѓу кои и шест полицајци, биле повредени денеска при експлозија во градот Јуксекова во југоисточниот дел на Турција. Експлозивната направа, поставена на една такси станица, била активирана за време на судирите меѓу припадници на турската полиција и група учесници на демонстрациите. Протестите започнале веднаш по погребот на деветтемина загинати при вчерашната експлозија, кога минибус нагази на мина поставена на патот на тромеѓето на границите меѓу Турција, Иран и Ирак. За вчерашниот терористички акт полицијата ја обвини Курдската работничка партија, но оваа организација се огради од нападот.
XS
SM
MD
LG