Достапни линкови

Ако Владата има храброст, Македонија ќе стане членка на НАТО


На престојниот самит на НАТО во Лисабон ќе се расправа за важни прашања, но може и Македонија да биде меѓу темите ако македонската влада има доволно храброст и знаење. Македонија доби покана за членство на самитот во Букурешт и тогаш јасно беше кажано што треба да стори, изјави денеска претставникот на НАТО во Македонија Давид Хумар на работниот појадок со министерот за одбрана Зоран Коњановски. Хумар додаде дека дури не треба да се чека ни самит на НАТО, бидејки Северно-атланскиот совет има состанок секој четврток и кога Македонија ќе биде подготвена, работата ќе биде завршена.
XS
SM
MD
LG