Достапни линкови

logo-print

Филе во Белград, - наскоро Србија кандидат за членство во ЕУ


Европскиот комесар за проширување Штефан Филе, изјави денеска во Белград дека е дојдено времето Европската Унија сериозно да го сфати барањето на Србија за членство. По разговорите со српскиот претседател Борис Тадиќ, Филе изрази надеж дека тоа и наскоро ќе се случи, додавајки дека нема да има скратени патишта, туку процесот ќе се одвива според заслугите. Претседателот Тадиќ изрази очекување дека Србија ќе ги почне преговорите за членство во Унијата кон крајот на наредната година.
XS
SM
MD
LG