Достапни линкови

Талибанците почнаа со акции за нарушување на изборите во Авганистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ги повика сите авганистанци да гласаат на утрешните парламентарни избори. Во земјата е зајакната безбедноста заради изборите, а талибанците се заканија дека ќе ги спречат. Денеска 19 лица, вклучувајки и еден кандидат и членови на избирачки одбори биле киднапирани во две авганистански провинции. Одговорноста за киднапирањето ја превзедоа талибанците. На овие избори во Авганистан се гледа како на тест за способноста на Владата да одржи регуларни избори. Околу 2.500 кандидати се натпреваруваат за 249 пратенички места.
XS
SM
MD
LG