Достапни линкови

Убиен припадник на Хамас


Израелски војници денеска на Западниот брег убиле еден припадник на радикалното исламистичко движење Хамас. Израелската армија соопшти дека станува збор за Ијад Шилбаја кој бил убиен за време на обидот на војниците да го уапсат. Неговата група ја презеде одговорноста за убиството на четворица израелски доселеници на Западниот брег во април годинава.
XS
SM
MD
LG