Достапни линкови

Нов шеф на јапонската дипломатија


Јапонскиот премиер Наото Кан ја реконструира неговата влада. За нов министер за надворешни работи е поставен Сеиџи Маехара кој порано беше министер за транспорт. Тој ќе го замени Катсуја Окада кој ќе преземе поодговорна функција во владејачката Демократска партија на Јапонија. Смени имало и во министерставата за правда, трговија, здравство, земјоделство и туризам. Кан кој ја презеде функцијата премиер во јуни годинава, ја реконструира владата откако за тоа доби поддршка од неговата партија.
XS
SM
MD
LG