Достапни линкови

logo-print

Атина не отстапува од „црвените линии“ за името


,,Нема нов предлог од медијаторот Метју Нимиц, ниту се водат тајни преговори за прашањето за името, а нема ни отстапки од националните „црвени линии“. Ова вчера во грчкиот парламент го изјави заменик министерот за надворешни работи Марилиза Ксенојанакопулу, додавајќи дека позициите на Грција за решавање на проблемот се добро познати: име со географска одредница за севкупна употреба. ,,Сметаме дека „ерга омнес“ со географска одредница е конструктивна и фер позиција која им овозможува на двете земји да живеат во мир една покрај друга,, рече Ксенојанакопулу. Таа додала дека Атина ги убедила партнерите во ЕУ, НАТО и ОН дека од грчка страна има полтичка волја за изнаоѓање решение, и затоа, според неа, притисокот сега бил насочен кон Скопје.
XS
SM
MD
LG