Достапни линкови

Постигнат договор, лозарите ги отстранија блокадите


Лозарите од Тиквешкиот регион изутрината два часа по полноќ ги отстранија блокадите на патниот правец Градско Прилеп кај Росоман и Дреново по исходот на преговорите меѓу владините претставници и винариите за барањето за усогласување на цените за откуп на годинашното грозје. Блокадите пред винаријата „Тиквеш“ остануваат. Според договореното, лозарите ќе добијат дополнителни два денари за килограм предадено грозје во домашни винарии за сортата „кратошија“, која е најзастапена во овој регион, додека за „смедеревката“ која, исто така, ја има во огромни количини ќе се разговара дополнително, исто како и за висококвалитетните сорти грозје.
XS
SM
MD
LG