Достапни линкови

Промени во владата на албанскиот премиер Бериша


Албанскиот Парламент ги изгласа измените во Владата на премиерот Сали Бериша. Bез присуство на опозицијата со 72 гласа „за“ беше изгласан указот на претседателот Бамир Топи, за разрешување на вицепремиерот Илир Мета од функцијата министер за надворешни работи и негово именување за министер за економија и енергетика. Со ист број гласови беше разрешен и досегашниот министер за економија и енергетика, Дритам Прифти, а Парламенот го изгласа и именувањето на Едмод Хаџинасто за шеф на албанската дипломатија.
XS
SM
MD
LG