Достапни линкови

Истражувањето спроведено во регионот на Прилеп покажува дека по сиромаштијата, невработеноста и лошата економија, корупцијата е на трето место на најголеми проблеми на граѓаните.

Корупција има, меѓутоа нема соодветна законска регулатива, ниту доволно санкции за да се сузбие оваа општествена аномалија. По сиромаштијата, невработеноста и економскиот колапс, корупцијата е на третото место на листата на најголеми проблеми на граѓаните од трите општини Прилеп, Долнени и Кичево. Ова се резултатите од анкетата што невладината организација Центар за граѓански
Најмногу корупција има во политичките партии. Позитивно одговориле 24 отсто, дека државата нема ефикасно законодавство одговориле 60 отсто, за сузбивање на корупцијата сметаат дека е потребно поефикасно судство 49 отсто од
граѓаните.
иницијативи ја спроведе пред седум месеци.

„Најмногу корупција има во политичките партии. Позитивно одговориле 24 отсто, дека државата нема ефикасно законодавство одговориле 60 отсто, за сузбивање на корупцијата сметаат дека е потребно поефикасно судство 49 отсто од граѓаните“, вели Марина Ѓоргиовска Китановска, заменик директор во Центарот.

Иако, анкетата ја организирале на мал примерок од 150 испитаници и тоа по 50 во секоја општина, од невладиниот центар убедуваат дека анкетата ја отсликува реалната состојба на теренот затоа што се опфатени граѓани од сите етнички заедници. Земена е во предвид родовата припадност, но и различен социјален статус. Испитаниците дури и ги дефинирале проблемите, посочувајќи ги патиштата за брзо откривање на коруптивните случаи, но заклучок е дека без развој на свеста тешко може оваа аномалија да се стави под контрола:

„Информираноста на граѓаните за законите од областа на спречување на корупцијата е на незначително ниво и се појави потреба од обуки за едукација на припадниците од ромската заедница во насока како да постапуваат со поединечен конкретен случај на корупција“, посочи Илија Дамчевски правен советник во Центарот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG