Достапни линкови

logo-print

Закајев сепак дошол во Полска?


Чеченскиот бунтовнички лидер Ахмед Закајев, во телефонски разговор за Радио Слободна Европа изјави дека тој во моментов е во Полска. Тој рече дека е во Полска легално, контактира со обвинителството и оти не планира да се крие од властите. Закајев вели дека присуствува на Светскиот чеченски конгрес што денеска и утре се одржува во Полска. На конгресот присуствува чеченската емиграција која се залага за независност од Москва.
Полскaта полиција вчера соопшти дека ќе го уапси Закајев ако тој ја посети земјата.
Русија го смета за терорист и по него има распишано меѓународна потерница. Закајев живее во Велика Британија каде што има политички азил.
XS
SM
MD
LG