Достапни линкови

Жестока кавга Баросо-Саркози за протерувањето на Ромите


Францускиот претседател Николас Саркози и претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо имаа „драматична расправија“ за протерувањето на Ромите од Франција, на Самитот на ЕУ.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Саркози и Баросо имале „жестока размена“ за време на ручекот, откако Португалецот ја подржа иницијативата за правна постапка против Франција. Неименувани дипломати изјавиле дека Баросо „енергично ги бранел“ политиките на Европската Комисија според кои им се гарантира слобода на движење на сите граѓани на ЕУ.
Саркози изјави дека Франција ќе продолжи да ги урива нелегалните кампови и покрај сите критики.
XS
SM
MD
LG