Достапни линкови

Шаховски центар наместо џамија на Граунд Зиро


Претседателот на Светската шаховска федерација, Русинот Кирсан Иљумжинов понуди 10 милини долари да го купи местото во близина на Граунд Зиро каде што беа кулите близначки, урнати во терористичкиот напад на 11 септември 2001. За таму има план да се гради џамија, кој предизвика контроверзии во американската јавност. Иљумжинов планира на местото да изгради меѓународен шаховски центар и академија. Минатата недела Њујорк ја одби понудата на милионерот Доналд Трамп да го купи местото за 7,5 милиони евра.

XS
SM
MD
LG