Достапни линкови

Можни ли се предвремени избори поради евентуален повторен неуспех на ноемврискиот НАТО самит?

Можност од техничка влада, избори, референдум се дел од опциите што се споменуваат деновиве спроти самитот на НАТО во главниот град на Португалија, Лисабон во ноември. Засега во ВМРО-ДПМНЕ за варијантите со кои се лицитира во јавноста, немаат став. Во ДУИ, пак, засега не испорачуваат нов рок за опстанување во владината коалција изјавувајќи дека доколку без решение за името, се оди на избори ќе се
Што ние како политичка класа сакаме да верифицираме? Дали сакаме да верифицираме уште еднаш да потврдиме една политика на самоизолација, мислам дека нашиот став е јасен, без решавање на спорот за името ние не сме заинтересирани за
избори.
верифицира политика на самоизолација, а за однесуањето по ноември и можноста да ја поддржат иницијативата за предвремени избори, изјавија дека се во анализа во која предност ќе и се даде евроатлантската перспектива:

„Клучното прашање во едно такво сценарио е: Што ние како политичка класа сакаме да верифицираме? Дали сакаме да верифицираме уште еднаш да потврдиме една политика на самоизолација, мислам дека нашиот став е јасен, без решавање на спорот за името ние не сме заинтересирани за избори.“

Ова е оценката на Ермира Мехмети која во неколку наврати ја кажал и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во ЛДП сметаат дека е логично решение доколку сме надвор од Алијансата по ноември, да има предвремени избори, но тоа не зависи од опозицијата туку од Груевски, вели Роза Топузовска Каровска:

Собрание

„Ние сме подготвени за избори, меѓутоа сепак опозицијата во овој момент има премногу мал капацитет во Парламентот за да може да одлучи дали ќе има предвремени избори, се е во рацете на Груевски, ние сме подготвени.“

Опозицијата има 27 пратеници во Парламентот. Нова Демократија има четворица. Од оваа партија велат дека тие поддржуваат
Опозицијата има премногу мал капацитет во Парламентот за да може да одлучи дали ќе има предвремени избори, се е во рацете на Груевски.
предвремени избори доколку по Самитот во ноември Македонија остане надвор од Алијансата, но со напомена дека нема да успеат да изгласаат поддршка во Парламентот, ако ВМРО-ДПМНЕ со своите 63 пратеници истата не ја поддржи:

„Нема никаква логика на водење на државата напред, така што мислам дека ако се укаже дека единствена алтернатива на Македонија е НАТО и ЕУ, апсолутно дека предвремените избори би донеле напредок во тоа и ние секако би ги поддржале“, изјави Аријанит Хоџа.

Вчера, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека оваа партија не се откажува од идеата за предвремени избори.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG