Достапни линкови

logo-print

Турците не сакат во ЕУ


Преполовен е бројот на турските државјани заинтересирани за членство во ЕУ. Велат дека се уморни од празните ветувања за членство на Анкара во Унијата и сметаат дека земјата треба повеќе да се сврти кон исламските земји на Исток. Ова го покажуваат резултатите од најновото годишно истражување на „Маршаловиот фонд“ и италијанската фондација „Компања ди Сан Паоло“.
Според истражувањето, само 38 отсто од Турците изјавиле дека членството во ЕУ е „добра работа“.
Според истата анкета која се спроведува веќе девет години, во 2004 година овој процент изнесувал дури 70 проценти од испитаниците.
XS
SM
MD
LG