Достапни линкови

По 10 евра за сиромашните


Владата ќе им дава парична помош на социјално загрозените лица. Експертите сметаат дека на луѓето не им треба мала пасивна помош, туку услови за работа.

Од 1 октомври Владата почнува со 10 евра субвенционции за огрев за социјално загозените луѓе. Според новиот оперативен план за социјална заштита, предвидена е парична помош во вредност од 1000 денари месечно за сиромашните родители кои го праќаат своето дете во училиште. Но, сиромашните граѓани се жалат дека овие мерки не се доволни.

„Да ви кажам право треба и повеќе да се даде, а не само 10 евра, бидејќи 3000-3500 денари е кубик дрва, а со 10 евра што ќе прават
Да ви кажам право треба и повеќе да се даде, а не само 10 евра, бидејќи 3000-3500 денари е кубик дрва, а со 10 евра што ќе прават
луѓето.
луѓето.“

„Има социјални случаи кои земаат по 2000 денари месечно, дали да јаде со тие пари или дрва да купи.“

„Работата е за никаде, греота е што прават со нашиот народ.“

И пензионерите се незадоволни. Велат и тие со малите пензии спаѓаат во групата на социјално загрозени луѓе затоа што едвај го преживуваат месецот.


„Мене ми треба пензијата да ми се покачи, изнесува 5 700 денари, а парно само е 4000 денари. И што да правам, дали да јадам, дали парно да платам, струја, вода.“

Кординаторот на општина Чаир за социјална помош, Лидија Петкинчевска вели дека социјално загрозените семејства понекогаш се обраќаат во општините за помош.

„Нормално дека им треба и работа, но највеќе што бараат од нас е помош во храна, хигиенски средства и облека.“

Душко Миновски од Министертвото за труд и социјална политика вели дека секоја година се прават нови оперативни планови за борба со сиромаштијата.
Да се пристапи кон поактивни мерки за надминување на таа состојба, дел од таа популација особено во селските средини да биде ангажирана, тоа значи луѓето да ги оспособувате сами да излезат од таа ситуација, мали кредити, само вработување.


„Евидентно е и покрај тоа што имаме одредени фирми кои згаснуваат, можеби не е за фалање меѓутоа го одржуваме барем тој баланс, тој процент на невработеност со години наназад. Токму поради тоа минатата година имавме акција за јавни работи на ниво на локална самоуправа кога во тој период од шест месеци имавме 5 000 вработувања.“

Социологот Илија Ацески вели дека на сиромашните луѓе не им е доволно државата да им пружи само мала пасивна помош.

„Да се пристапи кон поактивни мерки за надминување на таа состојба, дел од таа популација особено во селските средини да биде ангажирана, тоа значи луѓето да ги оспособувате сами да излезат од таа ситуација, мали кредити, само вработување.“

Тој додава дека последните статистички податоци покажуваат оти веќе една деценија недостига вистинска системска борба за лечење од сиромаштија затоа што последните две влади повторно почнуваат од почеток со стратегии кои не ги дават очекуваните резултати.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG