Достапни линкови

logo-print

Сеуште траат протестот на лозарите и блокадите


Сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп се уште е во прекин поради блокадите што веќе трет ден се поставени кај крстосниците Росоман и Дреново од страна на лозарите од Тиквешкиот регион. Блокирани се и влезовите на винарските визби „Повардарие“ од Неготино и „Тиквеш“ од Кавадарци. Лозарите бараат откуп на годинашното грозје по договорените цени на последната средба што ја имаа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според претседателот на Здружението на лозарите „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов, на блокадата кај Росоман изутринава пристигнале вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
Во протестот се вклучени лозари од Кавадарци, Неготино, Росоман и oд Демир Капија.
XS
SM
MD
LG