Достапни линкови

Објавени првите амбасадори од новата дипломатска служба на ЕУ


Високиот преставник за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон ги објави имињата на 28 амбасадори на Унијата во неколку земји. Амбасадорите се претежно дипломати од западноевропските земји. Најголем дел од амбасадорските места засега им припадна на Шпанија, Франција, Ирска, Германија, додека новите членки на Унијата добија мал број на дипломатски места. Ештон изјави дека во следните неколку недели ќе ги соопшти и останатите амбасадори. На именувањата , регираше министерот за надворешни работи на Словенија, Семуел Жбогар кој оцени дека одлуките на Ешнот сведочат за слабото политичко разбирање на интересите на малите земји членки. За Жбогар тоа е лош знак за иднината на европската дипломатска служба. Ештон со месеци работи на формирањето на дипломатската служба од 1.000 службеници, кои ќе бидат распоредени во 150 амбасади во светот.
XS
SM
MD
LG