Достапни линкови

logo-print

САД:Сенатот ќе го разгледува новиот СТАРТ договор


Комитетот за надворешни работи при американскиот Сенат денеска треба да го разгледа новиот СТАРТ договор меѓу Русија и САД за намалување на нуклеарното наоружување .Ако Комитетото го одобри договорот, потоа тој оди на одобрување во 100 члениот Сената, каде му треба дво- третинска подршка за даговорот да може да стапи на сила. Договорот, кој мора да биде одобрен од Сенатот, како и од рускиот Долен дом на Думата, наидува на отпор од страна на Републиканската партија. Тие велат дека договорот може да ги ограничи американските планови за ракетен одбранбен систем или чекорите за модернизација на американскиот нуклеарен арсенал. Претседателот Обама и преставниците за одбрана ги отфрлија ваквите критики. Дебатата на Комитетот во Сенатот доаѓа на само еден ден по средбата меѓу секретарот за одбрана Роберт Гејтс, и рускиот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков. Тие вчера во Вашингтон потпишаа договори за проширување на собаротката во полето на одбраната и за подобрување на контактите меѓу Вашингтон и Москва.
XS
SM
MD
LG