Достапни линкови

Русија:Истрага за проневера на пари за време на ЗОИ во Ванкувер


Руските власи покренаа истрага против руското министерство за спорт поради наводни маловерзации за време на зимските олимписки игри во Ванкувер. Органите истражуваат случај на проневера на околу 5,7 милиони евра. Се наведува примерот кога министерто за спорт во текот на 20 дневниот престој во Ванкувер доручкувал 97 пати, барем така покажуваат наплатените сметки, а дневно за доручек трошел околу 3.500 долари. Русија ќе биде домаќин на следните олимписки игри кои ќе се одржат во 2014-та во Сочи.
XS
SM
MD
LG