Достапни линкови

Куба:САД ги пропушти шансите за подобрување на односите


Американскиот претседател Барак Обама ги пропушти шансите за подобрување на односите со Куба, изјави министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригез. Тој вели дека американскиот претседател не ги исполнил очекувањата. Министерот на 48 годишнината од воведувањето на американското ембарго за Куба, изјави дека Обама откако ја презеде функцијата ја заостри блокадата. Родригез изјави дека САД само во последните неколку месеци неколку пати парично ги казниле меѓународните компании кои соработуваат со Куба . Вашингтон првите економски санкции кон Куба ги воведе во 1961.
XS
SM
MD
LG