Достапни линкови

Војници на КФОР осомничени за шверц


Некои од војниците на НАТО кои се дел од мисијата во Косово се осомничени за шверц на гориво, соопштуваат од Алијансата. Во документот што го објавија од КФОР се наведува дека некои војници се осомничени за шверц на гориво, избегнување на даноци и злоупотреби. Соопштението е објавено по сличната изјава на полицијата на ЕУЛЕКС за апсењето на петмина косовски граѓани осомничени за учество во организиран криминал. Други детали не се соопштени.
XS
SM
MD
LG