Достапни линкови

Кајакарот Николовски најавува нови успеси


Кајакарот Атанас Николовски

Кајакарот Атанас Николовски

Олимпиецот Атанас Николовски изминатиот викенд го постигна највредниот резултат во историјата на македонскиот кајак на диви води - на СП во Словенија тој го освои седмото место во дисциплината К1.

Резултатот од патеката Тацен е уште позначаен кога се знае дека Николовски по квалификациите, во полуфиналето влезе како претпоследен, 39-ти. Сепак, таму беше најдобар, а по финалната трка стигна до седмото место меѓу 10 натпреварувачи. Успехот можеше да биде и поголем, зашто доколку не заработеше шест казнени секунди, ќе освоеше и медал. До тоа не дојде поради малата деконцентрација во финишот од трката, што сепак, не го намали големото задоволство од конечниот пласман.

,,Многу потешко ми беше да влезам од квалификациите во полуфиналето, отколку од полуфиналето во финалето, меѓутоа со три добри возења успеав на крајот да бидам седми иако на крајот можам да кажам дека сум презадоволен, секако можеше на крајот и медала да се
Меѓутоа овој успех сега во Словенија, го зголемува мојот апетит и желбата за медал да не речам е и достапна
земе на пет капии пред целта имав второ меѓувреме што значеше дека ако се поминеше како што треба дека ќе го земав или бронзениот или сребрениот медал. Како и да е седмо место на свет во олимплиски спорт е огромен успех."

Изјави Николовски, кој сега со исполнето срце ќе замине на заслужен одмор. Сепак, одморот нема да трае долго, зашто по само еден месец ќе започнат подготовките за наредната сезона. Во неа го очекуваат нови големи натпреварувања, во кои основна цел ќе биде обезбедувањето норма за настап на ОИ во Лондон.

,,Следната година имаме Европско првенство во Шпанија и Светско првенство во Братислава, што ќе биде изборно за ОИ. Тоа е едно од двете изборни, 2012 ќе биде второто изборно во Германија. Јас ќе дадам се од себе да направам одличен резултат и повторно да ја израдувам македонската јавност."
Како и да е седмо место на свет во олимплиски спорт е огромен успех


Додаде најдобриот македонски кајакар на диви води, од кого во иднина јавноста ќе очекува уште поголеми успеси. Тој е свесен за тоа, но и подготвен да одговори на предизвикот, при што не крие дека сега и неговите амбиции се поголеми.

,,Мојот најдобар успех беше 19 место на ЕП и 6 место на ЕП во екипен пласман и нормално Олимпијадата каде што бев 19-ти, меѓутоа овој успех сега во Словенија, го зголемува мојот апетит и желбата за медал да не речам е и достапна."

Истакна на крајот Атанас Николовски, кому седмото место на Мундијалот му го донесе и статусот спортист од светска категорија. Тоа значи дека во наредните 4 години, секој месец ќе добива државна стипендија во висина од две просечни плати.
XS
SM
MD
LG