Достапни линкови

Данскиот дипломат Петер Соренсен на местото на Фуере


Данскиот дипломат Петер Соренсен ќе биде нов амбасадор на Европската унија во Македонија на местото на актуелниот шеф на делегацијата на Унијата Ерван Фуере, соопшти кабинетот на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.
Соренсен ќе го замени Фуере во март следната година.
Тој важи за добар познавач на регионот. Петер Соренсен беше личен пратеник на поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна и безбеднoсна политика Хавиер Солана во Белград и шеф на канцеларија на Унијата во Косово.
XS
SM
MD
LG