Достапни линкови

Со фалсификат избркани од работа?


Седум лица од битолскиот АМСМ останаа без работа

Седум лица од битолскиот АМСМ останаа без работа

Седумина членови на битолскиот АМСМ се отпуштени од работа со како што тврдат злоупотреба и нивни фалсификувани изјави дека се согласуваат да останат без работа.

Седуммина членови на комисии за полагање возачки испит од битолскиот испитен центар на АМСМ, четворица од Битола и тројца од Прилеп, спротивно на Законот за работни односи со фалсификувани изјави како што тврдат биле отпушени од работа, а битолскиот
Не ни ја дадоа изјавата, туку ни го дадоа само решението за престанок. Ние ја баравме изјавата на увид, не ни ја дадоа изјавата, со одговор дека изјавата се наоѓа во Скопје. Се злоупотреби потписот даден за друга намена на бланко, на бел лист хартија
исплата на бруто плата бил злоупотребен. Фалсификатот тврдат го направиле вработени во битолскиот центар во декември минатата година, кои напишале изјави во кои наводно овие седуммина, се согласуваат да останат без работа. Поранешните вработени во центарот, сега се чувствуваат крајно изиграни, обесправни, без можност за здравствена заштита или каков било надоместок.

,,Не ни ја дадоа изјавата, туку ни го дадоа само решението за престанок. Ние ја баравме изјавата на увид, не ни ја дадоа изјавата, со одговор дека изјавата се наоѓа во Скопје. Се злоупотреби потписот даден за друга намена на бланко, на бел лист хартија."

Тврди Зоран Ивановски од Битола, кој се уште води судски спор за да биде повторно вратен на работа во регионалниот центар во Битола. И покрај судскиот исход на нивна штета, од април годинава, сепак како што велат правдата излегла на виделина.СВР Битола минатиот месец, го открила фалсификатот, па сега тие бараат судот да ги земе предвид новите факти.

,,Бараме од судот во Битола, да го земе во обзир вештачењето на ракописите на СВР-Битола, МВР Скопје дека се невистинити и не се поднесени од наша страна."
Бараме од судот во Битола, да го земе во обзир вештачењето на ракописите на СВР-Битола, МВР Скопје дека се невистинити и не се поднесени од наша страна


Вели Љубен Спиркоски пренесувајќи ги ставовите и на своите колеги.Инструкторите кои останаа без работа, оценуваат дека со рационализацијата,се намалува и квалитетот при полагањето, зашто за две години драстично е намален бројот на испитни комисии за регионот Прилеп, Битола, Крушево и Ресен со над 300 000 жители.

,,Во истиот регион, на секторот Битола, работевме повеќе од 10-комисии и полагањето беше секогаш кога кандидатите ќе посакаа и кога имаа желба. И сега со ова намалување на комисиите, само на 3 комисии, навистина има чекање и не може да ги прифатат кандидатите кога сакаат да полагаат."

Вели Перо Тошески, поранешен член на испитна комисија. Тој и неговите колеги потенцираат дека во истиот период, во декември минатата година, со подметнување изјави работно место изгубиле уште 15-мина вработени во испитните центри во Скопје и Велес, но велешаните го добиле судскиот спор.
Наспроти овие реакции, од Автомото сојузот соопштуваат дека со новиот Правилник, со цел да се намалат трошоците при работа извршена е рационализација во сите, а конкретно во битолскиот регионален центар бројот на испитни комисии е намелен од пет на три. Но, како што стои во соопштението, дел од вработените се согласиле да им биде прекинат работниот однос.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG