Достапни линкови

Полска најави апсење на чеченски бунтовнички лидер


Полската полиција соопшти дека ќе го упаси чеченскиот бунтовнички лидер Ахмед Закајев, ако тој влезе на полска територија. Судот потоа ќе одлучи дали Закајев ќе биде екстрадиран во Русија.
Москва по него има распишано меѓународна потерница за тероризам. Закајев во 2003 година доби политички азил во Велика Британија. Тој најави дека ќе присуствува на Светскиот чеченски конгрес што во четврток и во петок се одржува во Полска.
На конгресот ќе присуствува чеченската емиграција која се залага за независност од Москва.


XS
SM
MD
LG