Достапни линкови

17,6 милиони евра кредит за поправка на Коридор 10


Собранието донесе Закон за задолжување кај Европската банка за обнова и развој за реконструкција на пругата од Табановце до Гевгелија. Кредитот е во висина од 17 милиони и 600 илјади евра. Рокот на отплата e 15 години со грејс-период од три години. Со парите треба да се реконстрираат 53 километри од пругата. Ќе се поправаат делниците Табановце – Куманово, Миравци – Смоквица, Згроболци – Градско и Градско – Неготино.
XS
SM
MD
LG