Достапни линкови

Црвенковски бара државата да плаќа камата за кредитите на фирмите


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска и предложи на владата мерки во борбата против сиромаштијата и невработеноста во земјата. Тој предлага потикнување на домашното инвестирање со тоа што државата ќе ги плаќа каматите за инвестициските кредити на домашните фирми. Црвенковски бара и бескаматни станбени кредити за граѓаните. Тој рече дека тоа е дел од предизборната платформа на СДСМ, која се одлучил предвреме да ја презентира поради, како што вели, очајната состојба во која се наоѓа земјата. Партијата и натаму ќе инсистира на предвремени избори и ќе ги искористи сите демократски средтства тоа и да се случи, рече Црвенковски.
XS
SM
MD
LG