Достапни линкови

Фуере бара повеќе пари за Антикорупциска


Намалувањето на буџетот на Антикорупциската комисија за 20 проценти не е во согласност со заложбата на Владата за ефективна борба против корупцијата, смета евроамбасадорот Ерван Фуере.
Според него, намалувањето на парите за Антикорупциска го поставува и прашањето за приоритетите на Владата во врска со трошењето јавни пари. Toj упати апел до власта да се обезбедат потребните средства за Комисијата.
Фуере рече дека ја смета улогата на Антикорупциската комисија за суштинска во борбата против Корупцијата која е сериозен проблем на Македонија.
XS
SM
MD
LG