Достапни линкови

Груевски - Нема нов предлог од Нимиц


Премиерот Никола Груевски изјави дека нема нов предлог од посредникот Нимиц и дека од Грција нема добиено потврда дека се откажуваат од барањето за „ерга омнес“. Груевски рече дека, во наредниот период до локалните избори во Грција, со резерва да се прифаќаат тезите во грчките весници поврзани со прашањето за името.
Грчкиот весник To Парон вчера објави дека Грција се откажува од барањето, решението на спорот за името со Македонија да биде за севкупна употреба и дека „најновиот предлог“ на медијаторот Метју Нимиц e името Република Вардарска Македонија.
XS
SM
MD
LG