Достапни линкови

Франција се лути на критиките за Ромите


Француските власти луто реагираа на критиките од ЕУ за протерувањата на Ромите.
Комесарот за правда на ЕУ Вивиен Рединг вчера го критикуваше протерувањето на Ромите и се закани со законска постапка против Франција. Таа рече дека протерувањето е срам за Европа и потсети на масовните прогони на Евреите и Ромите во Втората светска војна.
Францускиот министер за европски прашања Пјер Лалуш оцени дека ваквите споредби се погрешни. Комесарот за за регулација на пазарот во ЕУ Мишел Барние, кој доаѓа од Франција, пак, рече дека треба да се избегнуваат непотребни полемики.
XS
SM
MD
LG