Достапни линкови

(Не)Реална сиромаштија


Реални ли се податоците дека една третина од македонското население живее во сиромаштија?

Една третина од македонското население живее под минималните животни стандарди, односно не може да си ги подмири ни основните трошоци. Додека, пак, друг дел според податоците на Заводот за статистика живее од просечна плата од 20 илјади денари. Ваквата дијаметрална разлика гледана од неколку аспекти покажува дека податоците не се реални, велат дел од експертите и политичарите.
Онаа бројка што е евидентирана во Агенцијата за вработување повеќе е фиктивна, доѓаат лица кои што многу често и кога ќе им се понуди работа одбиваат да работат бидејќи веќе работат или заради одредени социјални бенефити се пријавуваат во Агенцијата како невработени, а работат на црно.
Душко Миновски од Министертвото за труд и социјална политика вели дека сивата економија има вмешано прсти во овој проблем.

„Онаа бројка што е евидентирана во Агенцијата за вработување повеќе е фиктивна, доѓаат лица кои што многу често и кога ќе им се понуди работа одбиваат да работат бидејќи веќе работат или заради одредени социјални бенефити се пријавуваат во Агенцијата како невработени, а работат на црно. Веројатно просекот го качува со покачувањето изминатиот период и на пензионерите на вработените во јавната администрација, ако знаеме дека голем дел од вработувањето го покрива делот на јавната администрација, на државната управа итн, и веројатно затоа просекот е таков каков што е.“

Томе Чинговски од СДСМ вели дека логика во оваа држава нема, па Владата неуспешно се брани со светската економска криза како причинител за сиромаштијата.


„Платата која што ја покажуваат бруто износот, тоа и се направи бидејќи беше очекувано од Владата на Груевски дека ќе имаме ваков пораст на сиромаштија и затоа тие го направија принципот на бруто плати прикажувајќи притоа вештачки дека граѓаните во Македонија земаат поголеми плати отколку во изминатиот период. Сето тоа е погрешно.“

Професор Христо Карталов вели дека реален е фактот дека една третина од населениeто е невработено и живее на работ на
Платата која што ја покажуваат бруто износот, тоа и се направи бидејќи беше очекувано од Владата на Груевски дека ќе имаме ваков пораст на
сиромаштија.
сиромаштијата.

„Таа плата и просекот не се пресметува на оние што се надвор од процесот на трудот, не се мери и на оние што се во руралните подрачја, а нив ги има преку 120 илјади кои што со својот труд произведуваат аграрни производи, таму немаме ние класични примања, тоа е дел од популацијата што е надвор од доменот на статистичката евиденција.“

Миновски се надева дека со новите мерки кои ги презема Министертвото и Владата ќе помогне да се подобри состојбата со сиромаштијата. Тој вели дека засега покрај економските проблеми со кои се соочува земјата, министертвото се обидува да им помогне на најзагрозените групи на луѓе, со акцијата за 5 илјади невработени да се вработат со субвенции од 10 евра корисниците на социјална помош кои ќе стртуваат од 1-ви октомври.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG