Достапни линкови

Законите да се имплементираат


Вицепремиерот Васко Наумовски и евроамбасадорот Ерван Фуере

Вицепремиерот Васко Наумовски и евроамбасадорот Ерван Фуере

Амбасадорите на ЕУ во Македонија бараат целосно спроведување на законите во интерес на граѓаните.

Корисна средба пред објавувањето на есенскиот извештај на ЕК. Да се претстават активностите во насока на евроинтеграциите и да се запознаат амбасадорите на ЕУ во Скопје со најновите усвоени закони. Вака беше оценета денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Скопје. Признание за сите напори да се направат реформите, но и очекување на сите нив да им се обезбеди примена во интерес на граѓаните.
Утринава ја потенциравме важноста на имплементацијата на законите. Тука е вклучена Владата, но исто така и државните институции, а ним им треба адекватна финансиска поддршка за таква имплементација на сите закони.


„Утринава ја потенциравме важноста на имплементацијата на законите. Тука е вклучена Владата, но исто така и државните институции, а ним им треба адекватна финансиска поддршка за таква имплементација на сите закони“, порача евроамбасадорот Ерван Фуере.

Васко Наумовски

Одговор од вицепремиерот Наумовски - предуслов за да се имплементираат законите е тие да се донесат. Сите закони кои што се донесени се имплементирани со предвидената динамика.

„Целта на Владата е секој оној закон што ќе се донесе да биде имплементиран од моментот кога тој стапува на сила. Сите закони што Владата ги носи и оние што се поврзани со европската агенда и оние што не се, се носат со цел да бидат имплементирани“, изјави Наумовски.

Целта на Владата е секој оној закон што ќе се донесе да биде имплементиран.
Извештајот на ЕК со оценката за напредокот во реформирте и во полиитчкиот дијалог во земјава ќе биде затворен до крајот на овој месец. Европкските дипломати во врска со него неколкупати до сега предупредуваа на забавено темпо на реформите и можноста тие да бидат дел од критиките во есенскиот извештај. Советот за стабилизација и асоцијација кој одржа сосотанок пред месец и пол упати критики за неефикасноста на јавната сдми нистрација, борбата против корупцијата, притисоците врз судството, неповолната бизнис клима и недостиугот од странски инвестиции. Колку до затворањето на извештајот ќе успееме да ја подобриме ваквата слика, ќе се покаже по неговото објавување во ноември.
XS
SM
MD
LG