Достапни линкови

Нови светски правила за банките


Европската централна банка
Европската централна банка

Светските банкари усвоија нови меѓународни правила за зголемување на резервниот капитал на банките. Според нив, тие се дизајнирани за спречување на евентуална нова глобална криза. Но, некои од банкарскиот свет страхуваат дека новите правила само ќе го задуши и онака кревкото економско заздравување.

Банкари и регулатори од целиот свет деновиве одобрија нов пакет правила за зајакнување на банките со цел тие подобро да се справат со евентуалните нови економски бури.

Новите правила беа усвоени на состанокот што во неделата се одржа во швајцарскиот град Базел, а на кој учествуваа банкари од 27 земји, вклучувајќи ги и Соединетите држави и Русија.

Тие за повеќе од третина го зголемија нивото на капиталот што банките мора да го имаат во резерва како заштита од можноста
Целта на таканаречениот Договор Базел Три е да се намали изложеноста на банките кои дале ризични заеми што е типично во време на економски експанзии да не бидат во можност да си ги вратат парите во време на економски кризи.
кредитите да бидат искористени за лоши инвестирања.

Целта на таканаречениот Договор Базел Три е да се намали изложеноста на банките кои дале ризични заеми што е типично во време на економски експанзии да не бидат во можност да си ги вратат парите во време на економски кризи.

Претседателот на Европската централна банка Жан Клод Трише кој раководеше со состанокот изјави дека сето ова ќе придонесе за подолгорочна финансиска стабилност во светот.

,,Има уште многу напорна работа и е неопходно да постојат соодветни мерки како и нивно имплементирање во врска со фискалната политика. Ова е клучот за сите, посебно за оние што имаат потешкотии, доколку сакаат заздравување и напредок.,,

За швајцарскиот член на комитетот во Базел Даниел Цубербејлер новите правила ќе им овозможат на банките да издржат големи удари без да бараат поддршка од владите. Како резултат на сето тоа, глобалниот финансиски систем ќе биде поеластичен.

Според него, сегашната финансиска криза ја истакна кршливоста на банкарскиот сектор, а со тоа и неопходоноста од негово реформирање.

Но, не сите се толку сигурни дека Базелскиот комитет го одбрал вистинскиот лек.

Весникот ,,Њујорк тајмс,, смета дека новите правила би можело заначително да го сменат начинот на кој работат банките.

Во написот се цитира Скот Талбот кој е претставник на најголемите американски банки.

Според него, високото ниво на капитал што треба да го имаат банките ќе ја намали нивната способност да позајмуваат. Ова, како што додава, ја одзема единствената алатка за одржување на кревкиот раст што им потребен на земјите за да излезат од рецесијата.

Од друга страна, Базелскиот комитет постави долга временска рамка за имплементирање на новите правила, односно тие би требало да стапат во сила од 2015 година.

Претходно, Базел Три договорот треба да биде одобрен на Самитот на 20 те најразвиени земји во светот во ноември во Сеул, а потоа и ратификуван од националните парламенти.

Во секој случај, според економистите, новите правила се уште еден чекор кон натамошно реформирање на светскиот финансиски систем. Некои додават и почеток кон целосна промена на банкарскиот сектор.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG