Достапни линкови

Нови директни израелско - палестински преговори


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Ерусалим се очекува да посредува во нови директни израелско – палестински преговори за мир. До денешниот состанок доаѓа откако Клинтон вчера во египетското одморалиште Шарлм Ел Шеик, оствари средби со израелскиот премиер Нетанјаху и палестинскиот лидер Абас. На средбите учествуваше и американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел кој изјави дека израелците и палестинците започнале сериозни разговори за повеќе прашања, но оти нема прогрес за израелските доселенички населби на Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG