Достапни линкови

Талер - Со дебатите за 1995 се оттргнува вниманието на јавноста


Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Зоран Талер вели дека тврдењата дека македонската влада го блокирала почетокот на преговорите во 1995 година се погрешни. Членството во ЕУ во тој период едноставно не беше можно, вели Талер. Според него, со тоа се оттргнува вниманието на јавноста „од актуелниот проблем, како да се најде компромис со Грција“.
Во соопштението до јавноста, Талер вели дека во Брисел постои загриженост што во Македонија се прават обиди за повторно пишување на историјата. Апелира македонските политичари да се фокусираат на идните предизвици на земјата.
XS
SM
MD
LG