Достапни линкови

Трет ирански дипломат побара азил во Скандинавија


Ирански дипломат во Брисел соопшти дека ќе побара политички азил во Норвешка заедно со целото семејство. Тој е трет ирански дипломат што побара азил во некоја од скандинавските земји. Заменик-амбасадорот на Иран во Хелсинки вчера соопшти дека побарал азил во Финска. Претходно оваа година и главниот ирански конзул во Осло побара азил во Норвешка.
Како причина за повлекувањето, иранските дипломати го наведуваат недемократскиот режим на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
XS
SM
MD
LG