Достапни линкови

Почнува судскиот процес Метастаза


Во Основниот суд Скопје 1 денеска почнува судскиот процес за случајот „Метастаза“ во кој 36 лица се обвинети за криминал со давање инвалидски пензии, за што добивале парични награди.
Првообвинет во случајот е докторот Сашо Јосимовски од Клиниката за кардиологија и претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност при Министерството за труд и социјална политика. Второобвинета е Љубица Величкова, началничка на Одделението на комисија за оцена на работната способност во прв степен при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Повеќето од обвинетите ќе одговараат за злосторничко здружување и за злоупотреба на службената положба. Неколкумина ќе обвинети за фалсификување исправа и за поткуп.
XS
SM
MD
LG