Достапни линкови

Недостиг на вода причина за смрт на милиони луѓе


Недостигот на чиста вода за пиење е причина за смрт на милиони луѓе секоја година, наведуваат светски експерти за вода на редовниот годишен конгрес - Светска недела на водата, кој оваа година се одржува во Стокхолм.
Во вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии, велат дека околу 1 милијарда луѓе во светот немаат подобрено снабдување со вода за пиење, без оглед дали се работи за инсталациите во нивните домови или дворови, или неколку улици подалеку.
Секоја година 3,6 милиони луѓе умираат од болести кои се пренесуваат преку нечиста вода. Според податоците на УНИЦЕФ, 5.000 деца умираат секој ден од дијареа.
Андерс Бернетел, директор на Меѓународниот институт за вода во Стокхолм, покровител на светската недела на водата, вели дека ако се погледнат бројките, тоа е полошо од сите други катастрофи и војни на нашата планета.
XS
SM
MD
LG