Достапни линкови

Над 31 процент македонци се сиромашни


Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 31,1 отсто од македонските граѓани се сиромашни.
Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства, имајќи го предвид фактот дека 53,7 отсто од сиромашните живеат во домаќинства со пет и повеќе членови.
Стапката на сиромаштија кај невработените е 40,5 отсто, односно 42,7 отсто од сите сиромашни се невработени лица.
Образованието на главата на домаќинството исто така влијае врз бројот на сиромашни лица, имено, 56,7 отсто од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на домаќинството нема или има завршено максимум основно образование.
XS
SM
MD
LG