Достапни линкови

Конференцијата за меѓукулутурен дијалог продолжува во Охрид


Улогата на медиумите во развивањето на меѓукултурен дијалог, толеранција и заемно разбирање“, е темата на конференцијата што вчера и денеска се одржува во Охрид, а на која учествуваат над 150 политичари, експерти, новинари и претставници на верски заедници и религиозни групи од повеќе европски земји.
Конференцијата се одржува во рамки на македонското претседателство со Советот на Европа.
Предвидено е на денешната сесија на собирот обраќања да имаат македонскиот министер за надворешни работи и претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа Антонио Милошоски, Мевлут Чавушоглу, претседател на Парламентарното Собрание на СЕ, Дубравка Шуица, заменик-претседател на Конгресот за локални и регионални власти, и Габриела Батаини – Драгони, генерален директор за образование, култура и наследство, млади и спорт и координатор за меѓукултурен дијалог и на кампањата против дискриминација
XS
SM
MD
LG