Достапни линкови

ОН прават се за хармонично решавање на спорот со името


Генералниот секретар на ОН ќе продолжи да чини се што е во негова моќ за хармонично решение на прашањето за името за кое оцени дека има доста сериозни политички импликации.
Бан Ки-мун ова, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, го соопштил на вчерашната прес-конференција во Светската организација, посветена на почетокот на 65-тото заседание на Генералното собрание на ОН.
„Специјалниот претставник Метју Нимиц имаше активна дискусија со засегнатите страни. Знам дека сега се консултира со обете страни за закажување на соодветни средби додека делегациите се во Њујорк на Генералното собрание“, рече Генералниот секретар, додавајќи дека целосно ќе ја поддржи неговата активност.
Бан Ки-Мун кажа и дека имал бројни средби со претставници на Грција и Македонија за потребата на прашањето да се пристапи со чувство на флексибилност и зедничко разбирање. Тој најави дека ќе продолжи во ист стил кога ќе се сретне со лидерите на обете земји
XS
SM
MD
LG